Заводот за лекување, првенција и рехабилитација на кардиоваскуларни болести денеска ја одбележува петгодишнината од отворањето на Одделот за интервентна кардиологија, како и петилјадитата интервенција извршена од страна на специјалистичките тимови на Заводот.


На пригодната свеченост организирана по повоод прославата, директорот на здравствената установа Никола Бакрачески истакна дека интерветната кардиологија во Охрид ги покрива потребите на жителите од југозападниот дел на Република Македонија, кој брои популација од 450 илјади жители.

–  Отворањето на вој оддел значеше поквалитетна услуга за пациентите кои боледуваат од кардиоваскуларни заболувања, и истовремено справување со најважниот предиктор на преживување на пациентите со животозагрозувачки состојби, а тоа е факторот време. Отворањето на овој оддел им омозможи на пациентите кои боледуваат од животозагрозувачки состојби навреме да го добијат потребниот третман и со тоа да биде спасен нивниот живот, рече Бакрачески.


Тој истакна дека експертскиот тим во продолжува со активности за воведување други дејности во раките на Заводот, со цел заокружување на целокупната кардиоваскуларна нега за сите пациенти со таков вид заболувања. Бакрачески најави дека до крајот на август годинава ќе биде монтиран новиот ангиографски апарат, со што ќе се зголемат перформансите за работа во Одделот, а истовремено ќе овозможи и далеку поквалитетна нега и воведување нови процедури и методи.


Првиот човек на установата изрази и очекување дека набрзо ќе им биде  предаден во владение објектот  на поранешната детска болница, односно ќе бидат проширени расположивите капацитети на Заводот, што секако ќе отвори нови хоризонти за развој на дејноста.


Во Заводот за лекување, првенција и рехабилитација на кардиоваскуларни болести од Охрид годишно се вршат околу 15 илјади амбулантни прегледи, повеќе од 30 илјади дијагностички процедури и се обавуваат меѓу од 1.500 до 1.700 интервенции, од кои околу 350 животозагрозувачки.

OhridNews