Со Резолуција на Генералното собрание на ООН од 2001 година, 21 Септември е прогласен за Ден на светскиот мир. Резолуцијата ги обврзува сите земји и држави членки на ООН, редовно и секоја година, Денот на мирот да се одбележува со соодветни програми.

Во организација на Општинската организација на СБ од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и локалната самоуправа на општина Охрид, на 20 Септември, петок, овој историски ден ќе се одбележи со Марш на Мирот под мотото „Глобалната климатска опасност е закана за сигурноста и стабилноста”.

Маршот ќе се одвива по  улицата „Кеј Македонија” до крајната дестинација-плоштадот, кај споменикот „Св.Климент Охридски ” каде ќе биде прочитана пораката на Генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш.

Маршот ќе започне во 11 часот пред старата дирекција на „Гранит“.

OhridNews