„Глобалната климатска опасност е закана за сигурноста и стабилноста“ е мотото на традиционалниот Марш на мирот со кој денеска се одбележа Меѓународниот ден на мирот. Маршот кој започна кај старите канцеларии на „Гранит“ заврши на градскиот плоштад каде пред присутните се обратија потпретседателот на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца, Љубуша Машановиќ и претседателката на советот, Живка Ангелоска.
Славејќи ја вредноста на мирот никогаш не смееме да го заборавиме минатото, но мора да ветиме дека нема да дозволиме нашата невина младина да ги преживее истите работи кои други морале да ги преживеат, истакна во обраќањето претседателката на Советот Ангелоска.

Во рамки на свеченоста се одржа и пригодна културно-уметничка програма во која зедоа учество најмладите од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, учениците од ОУ„Братство-Единство“, а овогодинешната пораката за мир од Обединетите нации ја прочита Павел Маслов од Охридскиот Народен театар.
Организатор на настанот е Општинската организација на СБ од НОАВМ 1941-1945, грѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и Локалната самоуправа на општина Охрид.













