20 години во чекор со светските модни трендови. Најновата машка и женска колекција за сезоната пролет-лето 2017, веќе пристигна во продавниците на најпознатиот охридски бутик „Емили“. Прекрасните модели кои се наменети за свечени прилики и можат да се најдат во продавниците на овој препознатлив бренд, во ТЦ „Амам“ на кат во Охрид и спроти градскиот пазар во Струга, деновиве се дел од традиционалната шеста по ред фото сесија што бутикот „Емили“ ја организира за претставување на својата најнова понуда.
Моделите кои оставаат без здив ги носеа Сања Котеска, Марија Мојсоска, Марија Николоска, Наум Робески и Тони Трифуноски. За беспрекорната и професионална реализација на модната фото сесија повторно се погрижи продукциската куќа „Мега Продукција“. Фотографиите се наменети за изработка на промотивниот материјал на „Емили“ и Facebook страната на познатиот бутик.
Бутикот „Емили“ кој секогаш се грижи да изгледате убаво и облечени според најновите модни трендови, своето 20-годишно работење наскоро ќе го прослави со голема модна ревија и бројни изненадувања за своите верни потрошувачи.
OhridNews





















