Во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) во Скопје се одржаа „III Мисиркови денови“ посветени на 100-годишнината од смртта на Крсте Петков Мисирков.

Еден од столбовите на македонистиката во последните шест децении е Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. Меѓу стотиците слависти и македонисти што учествувале во неговата работа, значајно место зазема и германскиот славист, македонист и политиколог Волф Ошлис (1941–2026), велат од Библиотеката.

Говорејќи за Ошлис, кој почина неодамна, Јованоски откри дека неговиот интерес за Македонија бил толку голем што во својот дом чувал историски карти на Германија на кои била претставена и Македонија. Ошлис од 1975 година редовно доаѓал во Охрид, на Летната школа, чиешто работење Јованоски, во својство на новинар и публицист, го следи од 1984 година до денес. Ставовите на Ошлис во трудот се разгледуваат врз основа на негови изјави и интервјуа објавени во медиумите, како и на личните сознанија и контактите на авторот Јованоски со него, велат.
Потенцираат дека мислата на Ошлис: „Еднаш Македонец, секогаш Македонец“ ја отсликува неговата долгогодишна поврзаност со Македонија, како и неговата посветеност на афирмацијата на македонскиот јазик, култура и државност во Германија и во светот, истакнува Јованоски.

Идејата за манифестацијата „Мисиркови денови“ во 2024 година ја иницираше Институтот за национална историја, по повод 150-годишнината од раѓањето на Мисирков. Годинава, во организацијата беа вклучени и националните институти за македонски јазик, фолклор, литература и старословенска литература.
OhridNews











