Во рамки на програмата за превенција на злоупотребата на дроги и борба против болестите на зависност, Црвен крст Охрид во соработка со СВР Охрид, ќе го одбележи 26 јуни, Меѓународниот ден за борба против злоупотреба и незаконски промет на дроги.

Целта е преку најразлични активности да се предупреди јавноста за се повеѓе растечкиот проблем на злоупотреба на дрогата и потребата за активно вклучување на сите чинители во акција со заедничка цел, создавање на општество без злоупотреба на дроги.

Активностите ќе започнат со отворање на самостојна ликовна изложба на пастели  “РАЃАЊЕ НА СОВРШЕНСТВОТО” на талентираната Радмила-Мила Коцарева, која преку своите уметнички дела ја прикажува заблудата, мракот во кој навлегуваат оние кои посегнуваат по дрогата.

Посетителите на оваа интересна изложба ќе имаат можност да проследат и корисни презентации поврзани со последиците од користењето и злоупотребата на дроги, како и да добијат едукативни материјали за дрога.

Изложбата ќе биде поставена викендов во Центарот за култура “Григор Прличев” .

OhridNews