Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и членовите продолжувачи е изненаден од неодмерените квалификации на премиерот Зоран Заев, изнесени во интервјуто дадено на бугарски медиум.
Како учесници во најсветлиот дострел на вековната борба на македонскиот народ за своја слобода – НОБ, се чувствуваме навредени од омаловажувањето на нашата борба. Погодени сме што со тоа се врши ревизија на општоприфатената оцена од светската историја за Втората светска војна. Очекуваме премиерот да се огради од изнесените свои ставови. – стои во реакцијата на Сојузот на борците.

За ова му честитам на Заев. Тој собра храброст, поради што некои од неговите противници го критикуваат. Ако се продоложи вака, мислам дека следната година можеме да зборуваме за започнување на преговарачкиот процес, изјави Каракачанов при посетата на Националниот воен универзитет „Васил Левски“ во Велико Траново, кој одбележува 142 години од почетокот на военото образование во Бугарија.

Таа е заедничка, но тоа е бугарска историја, изјави Каракачанов, додавајќи дека Бугарија мора да го брани својот национален интерес.
OhridNews












