Утре, по повод 50 годишнината од скопскиот земјотрес, во скопската населба Аеродром, ќе се врши тестирање со „вештачки потрес-замјотрес“ на асеизмичката стабилност на станбена десеткатна зграда на „Адора Инженеринг“.

Тестирањето, кое за прв пат ќе се изведе во независна Македонија, ќе се врши заедно со стручњаците на Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија.

– Ова е прв ваков проект кој се реализира на зграда за колективно домување, што се прави на иницијатива на приватна градежна компанија во Македонија. Целта е и научно да се потврди докажаната асеизмичка стабилност и сигурност на елитните станбено-деловни објекти на градежната компанија „Адора Инженеринг“, која е лидер во високата градба во Македонија, потенцираат од „ Адора Инженеринг“.

OhridNews