Адора Инженеринг и Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија ИЗИС, со „вештачки земјотрес“ на врвот на единаесеткатен станбен објект во општина Аеродром, Скопје, повторно научно ја докажаа сигурноста на станбените објекти  изградени од овој градежен супербренд.

Во прилог на новите измени на Законот за градење, за зголемена стабилност и сеизмичка заштита на градбите и за  безбедност на граѓаните, со „вештачки потрес“, денес практично се тестираше сигурноста на новоизградениот станбен објект на Адора Инженеринг на улица „Методија Шаторов Шарло“ во општина Аеродром, до црквата „Свети Илија“ во Скопје.  

Зградата и сами видовте дека е еластична, сите почувствувате како  убаво се движи , објектот го мериме на 100 мерни точки, но нема никакви пукнатини, ниту некакви проблеми од потресот. Адора Инженеринг е единствената градежна компанија која во Македонија ги тестира зградите со „вештачки земјотрес“, што е добар пример и за другите. Спрега на науката и квалитетот дава вакви квалитетни објекти.“ – им порача на големиот број присутни проф. д-р Михаил Гаревски, дир. на ИЗИС.  

Овие тестирања не ги правиме за маркетинг, ниту се тие демонстрација на сила. Со вградување на 40 до 50 % појаки  и поцврсти материјали од проектираното, Адора Инженеринг ја праќа пораката дека градиме висококвалитетна 100 % македонска градба, што е најголема гаранција дека граѓаните коишто ќе живеат во овие станови ќе бидат безбедни и ќе имаат мирен сон. Тоа е афирмација на безбедната и квалитетна македонска градба во регионот, Европа и светот.– рече проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора Инженеринг.

На тестирањето со „вештачки“ земјотрес на станбената зграда на Адора во Скопје, присуствуваше градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски, претставници на институции и бизнисот, купувачи, како и љубопитни граѓани.  

OhridNews