Секојдневното вежбање во траење од најмалку еден час е поврзано со просечно 12% помал ризик од заболување од рак на дојката.
Научници од Меѓународниот институт за истражување и превенција, додаваат дека намалувањето од ризикот варирало зависно од типот на туморот.

Нивните резултати се темелат на анализа на податоци за повеќе од 4 милиони жени кои биле вклучени во 37 претходни студии.
Се покажало дека секојдневното вежање имало превентивно влијание во поглед на ракот на дојка без оглед на годините и индексот на телесна маса на испитаниците.
И претходно е утврдено дека редовното вежбање се поврзува со помал ризик на заболување од други облици на рак и болести на срцето.

извор:metro-portal.hr