Физичката активност значително ќе го намали ризикот од добивање рак, па зададете си дополнителни домашни работи, шетајте или вежбајте.
Никогаш не е доволно повторувањето на фактот дека физичката активност е темел на доброто здравје, а со тоа е потребно да се нагласи и дека на тој начин ќе превенирате голем број болести. Со подобрување на општата здравствена состојба, физичката активност ќе го намали ризикот од рак на дојката, дебелото црево и јајниците.

Дека тоа е навистина така, потврдуваат и резултати од десетгодишно истражување на германски научници кои ја докажале врската помеѓу физичката активност и ризикот од добивање на рак.
Затоа, направете план како да го искористите секој ден, без оглед на временските услови – ако е времето поволно, шетањето ќе ви биде најдобар избор, за теретана ви е потребно само малку волја и поттик, а во краен случај проширете ја листата на домашни работи кои ги извршувате или малку почесто земајте ги крпата и метлата во раце.

извор:metro-portal.hr