Новоотворениот клуб во Охрид за екстремен велосипедизам “З’ш Точак” и Вила Милка викендов организираат рекреативен велосипедски маратон околу Охридското езеро во должина од 100км.


Турата ги опфаќа сите населени места в долж крајбрежјето на езерото, почнувајќи од Рача, Пештани, Трпејца, Љубаништа, преку Поградец, Албанија па продолжува низ Радожда и Калишта.  Времетраењето на турата се очекува да биде 7 часа, што за средно подготвени рекреативни велосипедисти, не би требало да претставува проблем.

Досега интересот за учество е голем и има пријавени од целата држава, па дури има и припаднички на понежниот пол – велат организаторите од клубот “З’ш Точак”.

Доколку и Вие сте авантурист и љубител на природата и неповторливите панорами од прекрасните Галичица и Јабланица, пасошот во џеб и во сабота во 10.30.ч на стартното место во Вила Милка.

OhridNews