Со забава до доцна во ноќта одбележан родендеот на „Cuba Libre“
19.06.11 08:00
Во прекрасна атмосфера и голем број гости, синоќа, “Cuba Libre Beach & Bar” го прослави својот трет роденден и 11 години постоење на еден од најпознатите охридски угостителски брендови, “Cuba Libre”. Бројните посетители до доцна во ноќта се забавуваа со музиката на кубанскиот бенд “Salsa Y Punto”.
“Salsa Y Punto”
Според посетеноста, со право може да се каже дека плажата “ Cuba Libre” е омиленото место за забава на охриѓани, гостите од другите градови во земјава, но и за странските туристи.
Бројни гости на роденденот на “Cuba Libre”
– Се обидуваме секоја година да внесеме некоја новина во однос на уредувањето на просторот, како и во однос на забавата која ја нудиме. Овде се случувале бројни забави, меѓу кои би ги издвоил вечерите со кубанска музика кои се едни од најпосетените, вели сопственикот на ” Cuba Libre”, Венко Мостров.
Венко Мостров
– Секако, не можам, а да не ги споменам и одржаните концерти, меѓу кои би го истакнал минатогодишното гостување на најпознатиот македонски гитарист Влатко Стефаноски. И во иднина ќе организираме забави и концерти, пред се според вкусот на гостите, затоа што сметам дека токму фер односот кон нив е клучот за успех- да се биде еден од најпосетените локали, додава Мостров.
“Cuba Libre Beach & bar” – најомиленото место на охриѓани и гостите
“Cuba Libre Beach & bar” веќе три години е едно од најпопуларните места за забава на Охридското крајбрежје. Своето постоење „Cuba Libre“ го започна како мал ноќен клуб во стариот дел на Охрид во 2000 година. Денес, 11 години подоцна е препознатлив бренд и омилено место за забава на охридската ривиера.
Основното јавно обвинителство Струга денеска поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1 од К...
Во првите 8 месеци од годината, од јануари до август, ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св Апостол Павле Охрид опслужи...
На 16092025 во 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 29-годишно лице од Струга и на 17092025 околу 11:00 часот лишија од слобода 34-годишно лице од струшкото село Велешт...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.