Премиерот Никола Груевски денеска информираше дека Владата пред неколку дена добила информација оти Ексим банката на Народна Република Кина и Министерството за трговија одобриле заем за изградба на автопатот од Скопје преку Свети Николе до Штип од 50 километри со преференцијална камата од 2 отсто, како и дека е во завршна фаза на одобрување заемот за автопатот од Кичево до Охрид и Струга од 57 километри под истите услови.

-Заемот ќе го земе Агенцијата за патишта со рок на отплата од 20 години, од кои 5 години грејс период. Се очекува патиштата да почнат да се градат 3 до 4 месеци по одобрување од македонското Собрание. Износот на инвестциијата во овие два автопати ќе изнесува 574 милиони евра без ДДВ, а рокот за изградба е три години од почетокот на градба. – рече Груевски.

OhridNews