С. Македонија првпат добива Закон за потекло на имот. Ќе се испитува нелегално стекнат имот и капитал, објави денеска вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски.
На наша иницијатива, а со експертска и техничка помош од Советот на Европа, првиот чекор е направен. Подготвена е физибилити студија за Законот за потекло на имот, која содржи компаративна анализа на меѓународни искуства за проверка на потеклото на имот и капитал, анализа на домашната правна рамка и досегашни искуства, детектирани слабости во институционалниот систем и идни насоки за креирање на новото законско решение. Веќе е формирана работна група која започнува со работа за подготовка на Законот за потекло на имот, објави на својот Фејсбук профил Николовски.

OhridNews










