Со настанот „Те сакам, за тебе засадив дрво” втора година по ред иницијативата „Збогум Буково“ на еден поинаков начин го обележува 8 Март, Интернационалниот ден на жената.

Акцијата годинава ќе се реализира во соработка со Еко Флуид, Ј.П. „Охридски Комуналец” – Охрид и волонтери од „Училишта без пластика“ во Холандскиот парк во Охрид со почеток во 12 часот.

Дојдете, посадете дрвце во чест на жените во вашиот живот. За дамите има изненадувања, а за најмалите креативна еколошка работилница, велат организаторите.

OhridNews