Екипите на “Паркови и зеленило” пред пролетниот период работаат на расчистување на тротоарите и улиците во периферниот дел од градот. Се расчистуваше улицата Кленоец од натрупаниот отпад (земја, песок, трева и др.) покрај граничниците од коловозот, како и тротоарите. Се расчистуваше и дотеруваше и зелениот појас околу сообраќајниците.

Екипите на “Јавна хигиена” деновиве вршат и санирање на металните држачи од корпите за отпад, кои во зимскиот период претрпеа разни оштетувања и искривувања, а воедно се нанесува и нов слој од боја и се врши зацврстување на истите.


OhridNews