Постојат многу непријатели на лошиот здив, како цигарите, одредени намирници, кафето, проблеми со киселини, но и лоша орална хигиена. Следните производи може да ви помогнат да го отстраните лошиот здив.

Зелен чај
Зелениот чај е многу повеќе од обичен пијалок. Богат со антиоксиданти, зелениот чај може да ги уништи бактериите кои се населиле во вашата уста, а кои се одговорни за непријатниот здив. На овој начин, не само што ќе се ослободите од лошиот здив, туку и ќе го подобрите здравјето на усната шуплина, бидејќи зелениот чај е добар и во борбата против кариесот, но и ракот на устата. Она што е важно да го знаете кога го пиете овој здрав пијалок, е тоа да го пиете без шеќер.

Свежи намирници
Грицкање на јаболка, морков или целер исто така може да го отстрани непријатниот здив. Нивната крцкава структура ја зголемува количината на плунка во устата и на тој начин го отстранува лошиот здив.

Магдонос
Магдоносот содржи хлорофил, одговорен за неговата зелена боја, а воедно е и антиоксидант. Составот на овој популарен зачин може привремено да помогне во неутрализација на халитозата, посебно после консумирање на одредени “тешки“ намирници, како што се лукот и кромидот. Освен грицкањето, можете да го иситните и да го направите како сок.

Хидратација
Освен што е важно секојдневно да внесувате одредена количина на вода, хидратацијата, односно дехидрацијата, може да остави трага и во вашата уста. Кога е устата сува, честичките од храната повеќе се собираат во просторот помеѓу забите и така создаваат плодна површина за бактерии.

Не треба да се заборави ниту редовното одржување на оралната хигиена. Воспалението на непцата и кариесот исто така можат да бидат извор на вашите проблеми. Совет е најмалку два пати годишно да се посети стоматолог како правилно би се грижеле за вашето орално здравје.