Со здружени сили македонските и црногорските карате репрезентативци во Струга се подготвуваат за што подобра престава на континеталниот самит  од 10 до 12 мај во Тенерифе, Шпанија  Ваквиот тренд продолжува, откако за првенството во Баку , Азербејџан исто така двете селекции имаа заеднички подоготовки.

– Непрекинато работиме преку цела година, учествуваме на доста турнири, во Париз, Милано, потоа во Бих, Сараево, и се наоѓаме во одлична форма. Ова се завршни подготовки заедно со Црногорската селекција ги одработуваме тие интензивни подготовки, за да ја подигнме формата на солидно ниво. Со репрезентацијата на Црна Гора се подготвуваме пред заминувањето во Баку, каде направивме одличен успех, освојувајќи едно сребро и две бронзи, и се боревме за неколку медaљи. Имаме искусни натпреврувачи, се надеваме на добар настап и таквата престава да ни донесе до медаља – вели Мирче Јанушевски, помошникот селектор во репрезентацијата на Македонија.


можеме до медал – Јанушевски

Заедничките подготвки се одлична можноста да се разменат мислеања, да се продискутира за спортиставени ставови и да се извлече заклучок за што подобар настап на двете селекции.

– Овде сме на зеднички подоговтки во еден одличен амбиент, во прекрасниот хотел каде сме опкруежни со прекрасната природа и чувстуваме како да сме во карантин, што секако дека е посакувано за ваков циклус подготовки. Позититивно е ова наше заедничко тренирање поради тоа што ќе размениме искуства, и ќе имаме многу дискусии за начинот на работа, бидејќи секако пристапот не е ист. Овде сме да учиме едни од други, и овие подоготвки се добредојднени за сите натпревараувачи, како за македонските така и за црногорските репрезентативци. Ако освоиме медал или едни или другите тоа ќе преставува награда и радост за нашиот заеднички успех – вели Славенко Баиќ,  селектор на женската репрезентација на Црна Гора.


размената на искуствата е значајна – Баиќ 

Репрезентацијата на Црна Гора на континеталниот собир ќе учествува со девет натпреварувачи и тоа пет во машка и четири во женска конкуренција.

–    Исклучително сме задоволни што не поканаа и во секој случај оваа гостипримољубивост ќе биде возвратена. Сметам дека нашата репрезентација е доста подготвена , а доказ за тоа е балканскиот шампионат на кој освоивме четири медаљи, и бевме трети  во екипна конкуренција. Во моментов се соочуваме со одредени здравствени проблеми со неколку натпреварувачи, и екипата ни е десткована, мислам дека не е лесно да се освои медал на сениорско првенство но ние тежнееме кон таа цел . Што се однесува до Македонската репрезентација таа е во подем и вредно работи со своите селектори и тоа е евидентно – истакна Драгољуб Фатиќ селектор на машката сениорска карате репрезентација на Црна Гора.


Македонската репрезентација е во подем – Фатиќ

Македонија на европскиот шампионат ќе настапи со  десет натпреварувачи, а минатогошиниот освојувач на златениот медеал Наташа Илеиевска, очекува одбрана на златото освоено во Цирих.


– Не сакам да се отперетувам со мислата дека е тешко насловот да се одбрани. Јас сум фокусирана, самоуврена имам поголема самодоверба, а ланскиот успех само докажува дека златото е дофатливо. Максимално се подготвуваме, заедно со репрезентацијата на Црна Гора, и формата ќе биде истемпирана токму за шпанскиот предизвик. Ги познавам најголемиот дел од моите противнички, со исклучок на онаа генерација која се менува, со нив се сретнувам на сите значајни натпревари, со сите се носам рамо до рамо, во спорт никогаш не се знае, но нормално дека се надевам на успех и очекувам  заеднички да се радуваме на уште еден златен медал. –  истакна бранителот на трофејот Наташа Илиевска.


во одбрана на златото – Илиевска

Каде се Македонија, Црна Гора и земјите од регионот во светското карате?

– Земјите од нашето опкружување се многу јаки. Репрезентацијата на Србија е акутелен првак во машка конкуренција, Хрватската репрезентација исто така има доста успеси, репрезентацијата на Турција која е актуелен светски првак. Значи на овие простори се работи доста квалитетно, така што сигурно дека на ова првенство и нашата и репрезентацијта на Македонија ќе играат една од главните улоги – истакна Славенко Баиќ.

фото : Емилио
М.П.