Новиот хотел кој бил отворен во Мадрид гордо се рекламира како целосно „ѓубре“. Хотелот всушност е инсталација на германскиот уметник ХА Шулт, кој своето дело го нарекол „Хотел од ѓубре собирано на плажите“. Меѓу декорациите на ѕидовите можат да се сретнат и пластични тапани, дрвени рамки, стари музички инструменти, гуми за автомобили и книги за деца.
Во неколку од просториите поставиле и улични светла. Пред инсталацијата поставиле песок и стебла од палми. Шулт рекол дека со ова сакал да покаже дека океаните всушност се најголемото одлагалиште на ѓубре на светот. Исто така сакал да покаже каков ќе ни биде годишниот одмор доколку свеста за отпадот не се подигне на повисоко ниво. Плажите на југот на Италија се претрпани со ѓубре. Отпадот бил собиран по плажите во Португалија, Франција, Германија и Шпанија.