Собраќајна несреќа вчера и во близина на Велестово, повредени пет лица информираат од СВР Охрид.
На 17.07.2022 во 16.25 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на локален пат во близина на охридското село Велестово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патнички моторни возила „Рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 26 годишно лице и „Нисан“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 37 годишно лице од Скопје, вели портпаролот Стефан Димоски.
Притоа, со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид, се здобиле возачот на возилото „Рено“, како и сопатниците лица на возраст од 22, 41 и 54 години сите од Охрид, додека со телесни повреди се здобило и 56 годишно лице од Охрид, додава Димоски.
Увид на местото извршиле полициски екипи.
OhridNews












