Собрани 120 метри кубни отпад, исчистени 6 локации во акцијата на Скопско за чистење на Охридското Езеро и крајбрежјето. Оваа акција, во рамки на долгорочната платформа за општествена одговорност „Наша гордост. Наша одговорност.“ мобилизираше голем број волонтери кои заедно со нуркачкиот клуб Амфора го чистеа Охридското Езеро и неговото крајбрежје.
Со гордост објавуваме дека преку оваа акција успеавме да исчистиме неверојатни 120 метри кубни отпад – цврст и пакувачки отпад, метални конструкции и автомобилски гуми на 6 различни локации, а во акцијатa беа вклучени вкупно 170 нуркачи и волонтери. Нашата долгорочна цел е да ја подигнеме свеста за важноста на зачувување на нашата природна средина. Ова е само дел од нашите постојани напори да ги заштитиме и сочуваме природните богатства, симболите на нашата гордост и културно наследство. Оваа кампања ја нагласува долгорочната заложба на СКОПСКО за одржливост, повикувајќи ги сите да придонесат за почиста, позелена иднина, вели Марта Завкова, сениор бренд менаџер за СКОПСКО во Пивара Скопје.

Во текот на акцијата нуркачите од нашиот клуб успеаја да извадат голема количина отпад од подводниот дел на езерото, Благодарност до СКОПСКО и сите волонтери кои ја поддржаа и учествуваа во оваа акција. Сите заедно, со мали но значајни чекори, можеме да го зачуваме нашето природно наследство и да обезбедиме чиста и здрава животна средина за идните генерации, изјава Јован Секулоски од Амфора.


OhridNews












