Неколку недели пред истекот на рокот, граѓанската иницијатива „Аман“ успеа да собере 12 000 потписи, како би се поднел предлогот за измени во Законот за енергетика.

Според измените, предложено е воведување ефтина дневна тарифа на струјата, во периодот од 12 до 18 часот.

 „Собрани се 12 000 потписи, но и во наредните неколку денови ќе продолжиме со нашата мисија. Кон крајот на овој месец, заедно со предложените измени во Законот за енергетика планираме да ги предадеме во Собранието. Се надеваме дека пратениците ќе имаат разбирање за барањето на народот.“ – вели Александар Гочев, активист на граѓанското иницијатава „Аман“.

Законската регулатива налага, потписите да се соберат до 30-ти јануари, по што Собранието на пленерна седница треба да ја утврди потребата од измени на конкретниот закон, со цел отпочнување собраниска процедура за измени во законот.

OhridNews