Собранието попладнево со 66 гласа За и седум против, го усвои последниот од четирите амандмани кои произлегуваат од Договорот за решавање на спорот за името со Грција од Преспа. Тој предвидува Македонија да го негува и штити културното наследство и да се грижи за интересите на македонските граѓани во дијаспората.
Сега следи јавна расправа што ќе трае пет дена, по што за амандманите треба да се произнесе Владата. Доколку ги усвои истите ќе се најдат повторно во собраниска процедура, а за тие да бидат имплементирани потребно е да да добијат двотретинска поддршка.
OhridNews