На денешната расправа од 125-та седница, Собранието ги донесе Буџетот за 2020 година и Законот за извршување на Буџетот од 2020 година.
Буџетот за идната година изнесува 3,9 милијарди евра, приходите се планирани на 3,6 милијарди евра, расходите на 3,9 милијарди евра, а буџетскиот дефицит е предвиден на ниво од 2,3 отсто.
Капиталните инвестиции се проектирани на ниво од 23,6 милијарди денари, економскиот раст се предвидува да биде 3,8 отсто, а инфлацијата да се држи на ниско ниво од 1,7 отсто.
Во Буџетот за следната година за исплата на плати ќе се потрошат 30,6 милијарди денари, а во тие средства е планиран ефектот од веќе реализираното покачување на платите за пет проценти за вработените кај буџетските корисници во последниот квартал од годинава, како и ефектот од новото зголемување на платите на вработените во образовните институции на централно ниво за 10 проценти.
OhridNews