Со 62 гласа „За“ и еден против, на пратеникот на ЛП Величкоски, Собранието на Република Македонија, попладнево го донесе Законот за прекин на бременоста.

На седницата не присуствуваа пратениците од СДСМ, кои во знак на несогласување со овој и законот за приватизација на земјоделско земјиште одлучија да не учествуваат во расправата.

Додека се водеше собраниската расправа за Законот за прекин на бременоста, кој се донесе по скратена постапка, пред Собранието се одвиваа мирни протести на невладини организации.

OhridNews