
Според опозицијата од македонскиот политички блок, непотребно е да се отвора Уставот за едно вакво прашање кое е дефинирано во Законот за семејство. Опозиционерите сметаат дека преку овој предлог ВМРО-ДПМНЕ имаше за цел јавноста да се отргне од вистинските проблеми во државата кои пред се, се од економска и социјална природа.
Како главен аргумент во прилог на предлогот, пратеникот Ѓорчев рече дека 97 отсто од граѓаните во Македонија поддржуваат ваква уставна измена бракот да се дефинира исклучиво како заедница меѓу маж и жена. Ѓорчев рече дека со уставната измена „ќе се спречи во иднина опозиција кога ќе дојде на власт преку измени во Законот за семејство да ги признае хомосексуалните бракови.
– Не треба да има насилство и дискриминација, но бракот да биде меѓу маж и жена, рече Ѓорчев.
OhridNews
извор: Телма












