Собранието на Република Македонија не го изгласа законот за декриминализација на клевета и навреда, предложен од пратеникот Ивон Величковски.
Расправата мина во жестока дебата помеѓу власта и опозицијата. Првите тврдеа дека медиумскиот простор во Македонија е слободен, а опозицијата дека не постои слобода на медиумите.
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ја поздрави дебатата во Собранието и изрази надеж дека решението за декриминализацијата на клеветата и навредата ќе се затвори најдоцна до март, согласно усвоениот Акциски план и разговорите што на оваа тема се водат со Владата.
OhridNews