Со налог од комуналната инспекција, вчера, екипите на Јавна хигиена при “Ј.П. Охридски Комуналец” извршија чистење на депонија во населбата „Гоце Делчев“ (Бараки). Ангажирани биле четворица работници, при што била собрана поголема количина отпад која била транспортирана со трактор.

Од јавното претпријатие со апел до околното население отпадот да го депонира на местата наменети за истиот. Потенцираат дека ваквите акции се спроведуваат со цел подигнување на еколошката свест кај населението.

OhridNews