Фудбалерите на Јувентус успешно го минаа гостувањето на „Артемио Франки“ во Фиренца совладувајќи го домашниот состав со 2-0 во првиот меч од 24-та рунда во италијанската Серија А.

Гостите до 20-та победа сезонава во „калчо“ лигата стигнаа со головите на Бернандески и Игуаин во второто полувреме и на најдобар можен начин му го честита јубилејниот 500-ти настап на Џиџи Буфон во националниот шампионат. 

Дамка на триумфот стави циркузот со ВАР системот кој направи вистински хаос на теренот. Најпрво главниот арбитар досуди пенал, а после прегледувањето на снимката ја врати одлуката досудувајќи офсајд.

Со триумфот „старата дама“ изби повторно на врвот на табелата во Серија А пред Наполи кој дуелот од 24-та рунда со Лацио ќе го одигра пред своите гледачи.

OhridNews