Утревечер, во изложбениот салон на центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена втората самостојна изложба на охриѓанката Анета Вршкоска- Јованоска, насловена „Соединување“.
Посетителите ќе имаат можност да видат 40 дела,кои како што потенцира Јованоска, се сосема различни од прикажаните во рамки на нејзината прва самостојна изложба.
– Инспирацијата за оваа изложба ја црпев од природните материјали- дрвото, каменот, нивното соединување во поинакви форми и целини што е сосема различно од она што досега беше содржано во моето творештво каде доминираа платното, срмата, стаклото, вели Јованоска.
Изложбата ќе биде отворена од страна на директорката на Центарот за култура, Драгана Боцевска, а за делата ќе зборува академскиот сликар Славко Упевче.
OhridNews














