Само неколку седмици по раскинувањето на веридбата, Софија Вергара, доколку може да им се верува на таблоидите, е во нова врска, и тоа со најпосакуваниот ерген на светот. Имено, таблоидите пишуваат дека атрактивната колумбијка почнала да се забавува со актерот Џо Манданело, кој станал славен со серијата “True blood”. Извор близок до парот кој прв пат се сретнал во мај на свечена вечера вели дека врската е на самиот почеток и дека засега само се запознаваат и забавуваат.

Софија наводно со години му се допаѓа ја Џо, а таа за тоа ништо не знаела. Еден од изворите вели дека таа била девојката од соништата на Џои. Манданело е четири години помлад од актерката. Неодамна списанието Пипл го прогласило за најпосакуван ерген, а се пишувало и дека е во врска со Деми Мур.