Јубилеен десетти пат викендов во Охрид ќе се одржи Меѓународната кулинарска манифестација „Софра.

На неа ќе учествуваат готвачи-аматери од 14 екипи од Македонија, Русија, Германија, Шведска, Србија, Хрватска, Бугарија кои ќе ги демонстрираат своите кулинарски вештини.

Манифестацијата што се одржува во Извидничкиот центар во Охрид, ја организира Меѓународниот славјански институт „Гаврило Романович Державин“ од Свети Николе, со поддршка на Амбасадата на Руската Федерација во Скопје и Македонско-руската стопанска комора.

Ohridnews