Денес, ДПМНЕ и нивниот кандидат за градоначалник, д-р Никола Бакрачески повторно ги остави граѓаните без здравствена заштита, носејќи ги лекарите и останатиот медицински персонал на плоштад, злоупотребувајќи ги во политички цели, кршејќи го основното право на задравствена заштита. Од друга страна , многу граѓани мислеа дека на градскиот плоштад има протест на лекарите и медицинскиот персонал, се наведува во реакцијата од Сојузот за иднината по денес одржаниот завршен прес на коалицијата За подобра Македонија на градскиот плоштад.

– На градскиот плоштад недостигаа само болничките кревети и стетоскопи. Овие луѓе денес требаше да се на своето работно место, а не на плоштад, со што уште еднаш покажавте дека не почитувате ниту еден закон, стои во реакцијата.

OhridNews