На денешните прес- конференции од страна на портпаролот на ОК ВМРО-ДПМНЕ  и кандидатот за градоначалник Д- р Бакрачески, беа изнесени голем број невистини, велат од „Сојузот за иднината“.

– Портпаролот на ДПМНЕ денес зборуваше за средношколци на митингот, заборавајќи дека голем број од средношколците имаат по осумнаесет години, со што самите одлучуваат каде и зошто ќе се појават. Меѓу другото,  треба да сфатат дека ваквиот медиумски спин никако нема да им ја намали болката за вчерашната поддршка која му ја дадоа охриѓани на  Градоначалникот Петрески  од секоја воздраст, а не Беровчани, Валандовчани и скопјани, велат од сојузот.

Оттаму додаваат дека портпаролот на ОК ВМРО ДПМНЕ -Охрид, пропуштил да каже и дека во првите редови на митингот на Сојузот за Иднината се наоѓале лица со посебни потреби, што било многу поразлично, од како што се наведува во реакцијата, насилното исфрлање  при промоцијата на Бакрачески на лице со посебни потреби од страна на обезбедувањето.

– Од друга страна, кандидатот  за градоначалник на ДПМНЕ, Др Никола Бакрачески денес зборуваше за олимпискиот без притоа да размисли дека локацијата на која планира да го гради е продадена од страна на Владата на фирми меѓу кои и „Фибула“,по цена од 1 евро за метар квадратен. Потенцираме дека, во времето кога се продаваше оваа земја градоначалникот  Александар Петрески остро се противеше, за што постојат како доказ телевизиски емисии,но власта  своеглаво ја продаде, поточно подари земјата, велат од сојузот.

Прашуваат, дали  кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ планира да изгради базен на  земјата која Владата ја продала  за 1 евро, а сега ќе ја купува  по пазарна цена и дали кандидатот на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник Бакрачески, знае дека земјата на која е предвидено да се гради базенот има приватен газда.

Оттаму, потенцираат дека нејаснотиите  околу деловите  од програмата за кои од сојузот тврдат дека се украдени и препишани,  може  да се  разјаснат со едноставно разгледување на  годишната програма на Општина Охрид која е изгласана на седница на советот.

OhridNews