Првичните информации на „Сојузот за иднината“ предводен од СДСМ, велат дека кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е во предност.
Според „Сојузот за иднината“, од обработените податоци од 25 избирачки места, д-р Никола Бакрачески има освоено 7579 гласа, додека актуелниот градоначалник Александар Петрески, 5001 глас.
Советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата „За подобра Македонија“ имаат освоено 2120 гласа, додека листата на „Сојузот за иднината“ 1552.
Повеќе информации се очекуваат по прес-конференцијата на коалицијата предводена од СДСМ, закажана за 22 часот.
OhridNews