Од Сојузот за иднината ги демантираат обвинувањата искажани на прес конференцијата на тројца просветни работници, синоќа, дека кандидатот за градоначалник Александар Петрески ги злоупотребува вработените во образованието во политички цели.

Во соопштението се вели:

„Денес градоначалникот Александар Петрески оствари средба со охридските просветни работници. Тој им се заблагодари за присуството во огромен број.

Сосема легитимно е Градоначалникот да оствари средба со просветните работници, знаејќи дека со влегувањето во втората фаза од децентрализацијата тие се под надлежност на Локалната самоуправа. Тројцата нивни колеги, нарачани од ВМРО – ДПМНЕ, наместо да бидат присутни со нив и да разговараат за проблемите во образованието, тие одлучија јавно, пред медиуми да прочитаат некакво си соопштение напишано од Центарот за лаги и манупулации на ДПМНЕ.

Градоначалникот Александар Петрески не ги злоупотребува образовните институции, не лепи пропаганден материјал на нив, не снима спотови во нив и не злоупотребува деца во изборната кампања. Градоначалникот Александар Петресеки им помага и ги решава проблемите на просветните работници.

Сосема ја разбираме нервозата во редовите на ВМРО – ДПМНЕ како што се ближи денот на изборите, но не можеме да ја разбереме желбата да спинуваат одредени настани знаејки дека пред само неколку дена тие остваруваа средби со бродари, туристички работници, хотелиери, лекари итн.“-стои во соопштението на Сојузот за иднината.

OhridNews