Место да мафтате со Договори за дело, кои се сосема легитимна законска форма и место да зборувате лаги, кажете кое дело го направивте за Охрид во вашиот пратенички мандат, се наведува во реакцијата од Сојузот за иднината по изнесеното на прес- конференцијата одржана од страна на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Харалампие Шокароски.

– Ви препорачуваме да ја прегледате прес – конференцијата на градоначалникот на Охрид Александар Петрески, каде што ќе видите што точно Петрески направи за Охрид, а во исто време коректно е да почуствувате засраменост од тоа што како лекар бевте соучесник во пропаѓањето на здравството во Охрид. Докторе Хари, вашето место во ова време би требало да е во операциона сала, каде што ќе се надоградувате за она за што сте учеле. Освен капиталните инвестииции кои ги гледате на скапите скијачки центри и летни одморалишта каде патувате, како и капиталните инвестиции направени од Петрески во градот, не постои нити едно дело позади кое стои вашиот труд и глас. Се извинуваме, ќе заборавевме на едно капитално дело, а тоа е панорамскиот автобус кој Владата го поклона на Охрид, стои во реакцијата.