„Улогата и значењето на АВНОЈ во создавањето на македонската држава“ е насловена трибината која ја организира Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941 – 1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца, по повод 29-ти Ноември.

За овој значаен историски настан во рамки на трибината ќе зборува професорот по историја Наце Иваноски.

Трибината ќе се одржи во понеделник на 30-ти Ноември со почеток во 11:00 часот во просториите на Сојузот на борци во Охрид.