Општинскиот комитет на ВМНРО ДПМНЕ и локалниот огранок  на  Сојузот на  демократските сили  на  Ромите, денеска во Охрид потпишаа спогодба за соработка. Со потпишувањето на договорот СДР се обврза на поддршка на кандидатот за претседател Ѓорѓе Иванов, како и на кандидатот за градонашалник на Охрид, Кирил Трендафилов – Нанче и кандидатите за членови на советот на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ.


Потпишувањето на   спогодбата за изборна соработка  на двете партии , според претседателот на  Општинскиот комитет  на ВМРО-ДПМНЕ  Борис Стефаноски , е резултат на определбата  на нивната партија  за привлекување што поголем  број политички  субјекти во  нивната  коалиција.”Успеавме да  придобиеме голем број  партии  и тој  процес ородолжува понатаму, зошто  прецизно се договараме  и остануваме  на договореното-рече Стефаноски .


    
Претседателот на Општинскиот огранок на  Сојузот на  демократските   сили  на Ромите , Фејзи Шемо смета  дека  не се  работи  само за пазар за  работни места  , туку  за   договор што се  реализираше   и во изминатите два изборни  циклуси .”Договорот  е потпишан   на централно ниво во Скопје  и важи за претседателските , изборите за градоначалници и членови на  советите -рече Шемо.


По потпишувањето на  меѓупартискиот договор , порпаролот  на  ОК  на ВМРО-ДПМНЕ  , Јованчо  Секулоски  со изјава ги коментираше  вчерашните  ставови на кандидатот за градоначалник  од СДСМ ,  Александар Петрески  поврзани со  капиталните  инвестиции .
    
„Александар Петрески изјави дека немал видено капитални проекти во Охрид направени од Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Да му укажеме на Петрески на оние капитални проекти кои и тој самиот редовно им ги покажува на сите свои гости: капитални проекти се комплексот Плаошник, конзервираната и реконструирана Самоилова тврдина, Античкиот театар, Заливот на коските, патот Охрид-Св.Стефан. Да му укажеме кои капитални проекти од в година тој како обичен граѓанин ќе може да ги покаже: булеварот „Железничка“, Универзитетот за информатички технологии, новиот музеј во Охрид, реконструираната куќа на Уранија. Исто така би сакале да му укажеме на Петрески – Јавните куќи кои тој ги посакува не се капитални проекти“, рече Секулоски.

Ohridnews