– Секој кој ќе се осмели да му се закани на било кој Египќанец, особено на вработените во јавните претпријатија, нема да биде толериран, туку ќе му биде поднесена соодветна кривична пријава. Египќаните мораат да бидат заштитени, истакна Демир Далип, притоа повикувајќи ги надлежните органи да се грижат околу заштитата на човековите права на граѓаните.
Како што беше истакнато на прес конференцијата, програмите кои ги имаат веќе составено за претстојните локални избори ќе му ги понудат на еден од кандидатите за градоначалник.
За нивното откажување од кандидатурата за градоначалник и поднесување на советничка листа на претстојните локални избори, како што тврдат Хусеин и Далип, затоа што биле под силен притисок и закани по животот, најавија дека ќе одржат средба со преставници на ОБСЕ.