Општинскиот изборен штаб на Сојузот за иднината, денеска, побара медиумски дуел со претставниците на коалицијата За подобра Македонија, со цел да се соочат делата и концептите кои го нудат двата политички блока.
-Со оглед на тоа дека оваа недела имаше огромен број неосновани прозивки од страна на ДПМНЕ, како и голем број деманти од наша страна, бараме телевизиски дуел во кој реално ќе ги соочиме делата, направеното, програмите како и идните перцепции за Охрид. Сето тоа со една единствена цел, граѓаните да ја знаат вистината, да престанеме да ги оптоваруваме секојдневно како и да ја намалиме нивната конфузност кога треба да изберат што е најдобро за градот. Затоа, ги повикувам на јавно соочување вашиот кандидат за градоначалник со нашиот кандидат, вашиот носител на листа со нашиот носител на листа,вашиот портпарол со мене на Сојузот за Иднината.-исстакна на прес конференвијата одржана денеска портпаролот на ОИШ на Сојузот на иднината Дејан Блажески.

Тој ја критикуваше вчера одржаната дебата на коалицијата За подобра Македонија посветена на заштитата на културното наследство. Според него лицемерно е да се зборува за заштита на културните добра, кога во Заводот за заштита на културно наследство нема вработено ниту еден активен археолог?!

До кога дрквата Св. Богородина Перивлепта, црква со највредни фрески за културното наследство, ќе биде забулена и ќе личи на гулабарник?!
Кога ќе биде вратен во нормална состојба ѕидот на црквата Св. Богородица Болничка, кој беше срушен за потребите на тешката механизација?!-запраша Блажески, кој упати критики и за несоодветниот третман на Самуиловите тврдини.
Критики кон вчера одржаната трибина на коалицијата За подобра Македонија упати и кандидатот за советник Оливија Пирузева – Јанева, според која одредени културни работници повторно се деградираат како интелектуалци, и се ставаат во функција на политиката.

На прес конференцијата се обрати и кандидатот за градоначалник Александар Петрески, кој исто така побара медиумско соочување со својот против кандидат.
-Јас треба да бидам повикан на тв дуел од. Прифаќам на било која телевиија. Меѓутоа тие треба да ме повикаат, ако имаат храброст, јас сум потготвен во секое време, рече Петрески.
Тој возврати на критиките упатени од кандидатот за советник Дејан Паноски, кој според него, нема морален кредибилитет да зборува за неговите дела.
-Ќе му порачам на досегашниот советник Дејан Пановски, дека граѓаните не се променливи како него, што досега има три партии сменето, и дека граѓаните знаат да ги вреднуваат ветувањата од минатото, рече Петрески.
Петрески ја презентираше изборната програма во нов формат, за како што рече, политичките противници подобро да можат да ја прочитаат и да ги видат фотографиите со конкретни остварени дела.












