„Сојузот за иднината“, попладнево, во Скопје организира мирен протестен марш под мотото „Отпор против партиско-полицискиот режим“ кој е предвидено да заврши пред Министерството за внатрешни работи.

Според најавите, маршот започнува во 12 часот од крстосницата на улица „Брадфордска“ со улица „Јуриј Гагарин“.

Здружената опозиција голем протестен марш во Скопје одржа и на 12- ти овој месец, кој беше наречен  „Отпор против режимските лаги“. Започна на платото пред Телевизија Сител, продолжи пред зградите на Владата и Собранието на Македонија, а заврши пред државната Радио и Телевизија.