Денес во Охрид ќе се одржи вонреден конгрес на Сојузот на синдикати на Македонија на кој ќе се бира претседател. Единствен кандидат е актуелниот в.д. претседател Дарко Димовски кој доаѓа од СУТКОЗ.
За претседател на ССМ конкурираа и претседателот на УПОЗ, Пецо Грујовски и претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Ацо Антовски, но нивните кандидатури не поминаа на седницата на Претседателството на ССМ бидејќи не ги исполнувале условите.
OhridNews












