Сојузот за иднина со соопштение реагира на денешната прес конференција на кандидатот за градоначалник на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ.
Во соопштението се вели:
„За сите ветувања кои ги најавивте, видовме како ја намаливте цената на струјата, цената на горивата, кои што директно влијат врз цената на крајниот производ. Не само што не разбирате економија, туку не разбираат и луѓето кои ви ги пишуваат текстовите.
Како резултат на ваквите нејаснотии и узурпирање на медиумскиот простор , Ве повикуваме да излезете од вашиот скап изборен штаб и со вашето скапо одело , да дојдете на која и да било телевизија , со новинар кој Вие ќе го изберете, каде ќе ги соочиме фактите.
Меѓу другото, бараме од Вас да се оградите од сите инциденти кои се случуват во градот, секако, доколку ви дозволи премиерот, а не да одговарате на работи, за кои што не сте компетентен и кои не ги разбирате.
Со оглед на тоа што денеска сте изјавиле дека не сте запознаен со случајот на Бошко Силјаноски, или вистински се правите наивен или Вие сте поранешен социјалдемократ, кој не гледа Сител, како и сите ние кои припаѓаме на Сојузот за иднината.“-стои во соопштението на Созјузот за иднината.
Исто така, Сојузот за иднината со соопштение реагираше и на прес конференцијата на портпаролот на коалицијата предводена од ВМРОД ДПМНЕ, Никола Митровиќ.
Во неа се наведува:
„Господинот Митровиќ продолжува да ги игнорира повиците за дуел, и да зборува неосновани работи. Доколку верува во тоа што го кажува, нека дојде да се соочи со нашиот портпарол, Дејан Блажески.“-сотои во кусата реакција.