Програмата која ја нарекувате извор на желби, несериозност и комичност е програма произлезена од граѓаните и е наменета за сите нив без оглед на политичката определба, за разлика од вашата која е бронзена, кичеста, пренапумпана и пишувана за 2050 година,  меѓудругото се вели во реакцијата на Сојузот за иднината во врска со прес конференцијата на кандидатот за член во осветот на општина Охрид, Дејан Паноски.

– Доколку сакавме да бидеме како вас, верувајте дека можевме да направиме многу пообемна, преполна со лажни ветувања и со неостварливи проекти. Но, ние се решивме да имаме реална програма која во себе содржи не само нови туку и континуитет на започнатите проекти. И Зоки Поки е мало по обем дело, но испраќа сериозна порака и ја прочитаа многу генерации.
 
За ваша информација, на вчерашната одлична промоција беше кажано дека позади оваа програма седи советничката листа од Сојуз за иднината, во која има сериозни интелектуалци и професионалци од сите сфери. Ваквиот тим, како и ваквата одлична промоција ви зададоа сериозен удар, па оттаму ја разбираме вашата конфузност и гнев, се наведува во реакцијата на Сојузот за иднината.

OhridNews