– Во кампањата почнаа да ги злоупотребуваат не само родителите, туку и нивните деца. Валканата и мизерна кампања која ја води политичкиот противник, денеска, преку своите медиумски пулени почнаа да си поигруваат со достоинството и угледот на луѓето. Вчера жртва на еден од провладините медиуми и на центарот за лаги и манипулации на ДПМНЕ не беше само повиканиот, туку и неговото семејство, пријатели и сограѓани. Бараме во знакот на меѓусебно почитување да се престане со поигрување со човечки судбини, зошто тие не треба да бидат дел од политичката кампања. Од ваквиот однос на водење на кампања, би се срамел и покојниот Гебелс.Денес господинот Бошко Сиљаноски првенствено ќе поднесе барање за ивинување и јавно повлекување и постапка за утврдување одговорност и надоместување на штета, рече Блажески.
Тој додаде дека минатата ноќ бил демолиран штаб на Сојузот за иднината, во населбата Воска. Како што рече Блажески, случајот е пријавен во охридската полиција, истражни органи излегле на местото на настанот, при што бил направен записник, а од Сојузот за иднината бараат брзо расветлување на настанот.