Од Сојузот за иднината информираат дека во текот на ноќта повторно бил демолиран штабот на Сојузот за иднината во населбата Воска.

–    Ваквото однесување на политичкиот противник не не изненадува, ако се има предвид начинот на кој функционира оваа власт.Политичкото дно е допрено. Ова е само мал дел од она што ДПМНЕ го прави на префиден начин секојдневно на терен. Остана малку време и многу, многу пристисоци и закани во текот на оваа кампања. Сите овие притисоци се насочени кон граѓаните на Охрид, па оттукуа логично се наметнува прашањето како кандидатот на ДПМНЕ очекува да биде изгласан за татко на градот, кога истиот е кандидат на партијата која за едни е татко, а за други очув? , велат од Сојузот за иднината.

Од Сојузот за иднината со барање до ВМРО- ДПМНЕ и нивниот кандидат да се оградат од ваквите настани и да покажат демократска зрелост.

OhridNews