Сојузот за узднината соопшти дека поднел повеќе од 100 тужби до Управниот Суд на Република Македонија, во врска со првиот круг од локалните избори.
-Ги користиме овие правни средства затоа што ДИК наместо по приговорите да одлучува врз основа на закон и аргументи, одлуките ги донесе со надгласување.Мнозинството на ВМРО ДПМНЕ во ДИК го претвори овој државен изборен орган во политичка инквизиција.Најдобар доказ за ова е фактот што мнозинството на ВМРО ДПМНЕ во ДИК ги одби нашите приговори не водејќи сметка за ниту еден факт и без притоа да се направи увид во избирачкиот материјал на оспорените избирачки места. Барањата за увид и пребројување на гласачките ливчиња беа одбиени со надгласување 4:3. Сосема спротивно, за приговорите поднесени од ВМРО ДПМНЕ за Струмица беше применет поинаков аршин. Истите членови на ДИК кои одбија повеќе од 300 приговори на опозицијата, во случајот за Струмица прифатија приговори без никаков правен основ со кои сакаат да му ја украдат убедливата победа на градоначалникот Зоран Заев.-исткана Ана Павлова Данева.
Таа рече дека очекува Управниот Суд да покаже висока професионалност и независност во одлучувањето по тужбите, и да пресуди ослободен од политички притисок, водејќи се единствено според уставот и законите.