
Од Сојузот за иднината се уште немаат честитано на коалцијата За подобра Македонија, која однесе убедлива победа на локалните избори во Охрид. Покрај градоначалник, коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ освои и мнозинство во советот на општината.
-Имаме многу причини за да се сомневаме.
Ваквиот пораз не е вистински и овие резултати не влегуваат во служба на
демократијата, изјавија од изборниот штаб на Сојузот за иднината неколку часа по затворањето на гласачките места.











